среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Егзодусот трае и трае…Нов „бегалец“ од Вардар е Павел Атман!

Егзодусот трае и трае…Нов „бегалец“ од Вардар е Павел Атман!

Рускиот репрезентативен среден бек Павел Атман и официјално е нов член на руски Спартак Москва, откако си заминува од македонската гордост Вардар во егзодусот што ги зафати црвено-црните поради големата финансиака криза.

Егзодусот од Вардар веќе кулминира откако денеска летонскиот џин Данаис Криштопанс итно замина во Фуксе Берлин за да ја доигра сезоната, а од лето ќе оди во француски Пари Сен Жермен, а сега и Атман заминува во Спартак Москва, кој официјално го промовираше.

Вардар од лето сигурно го напуштаат и Данил Шишкарев, кој веќе беше промовиран во Веспрем за нов член од идната сезона, а шпанските медиуми го најавија и Калифа Гедбан како нов играч на Адемар. Патем, веќе извесно е дека си заминува и Кристијан Дисингер, кој пред неколку дена објави дека само чудо може да го задржи во Скопје, откако веќе шест месеци ракометарите на актуелниот европски првак немаат видено ни денар.

Атман е поранешен ракометар на скопски Металург, кој летово дојде во Вардар, откако претходно играше за Хановер, Мешков Брест, Ал Џаиш во Катар, белоруски Динамо и руски Каустик.