четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 166
home Ракомет

Ѕвездите на Кил се Ковид позитивни, не доаѓаат во Скопје?

Ѕвездите на Кил се Ковид позитивни, не доаѓаат во Скопје?

Кил на натпреварот со Лемго настапи без Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд. Сега се знае и зошто.

Во голема белја се најде големиот Кил. Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд и покрај вакцините, се позитивни на Ковид 19 и се во карантин.
Затоа тие и не беа на мечот со Лемго на кој Кил одигра само нерешено. Нема да бидат ниту на дуелот со ПИК Сегед што се игра утре во рамките на Лигата на шампионите.
Најверојатно, нема да бидат и на мечот што може да биде пресуден за шампион во Бундес лигата – викенд дербито во Вундерино арена против незгодните гости од Магдебург.

Колку време ќе бидат вон терен не се знае. Но, во следното коло од Лигата на шампионите, 27 октомври, Кил доаѓа во Скопје. Дали оваа временска рамка ќе се поклопи со времето за враќање на терен или не засега не може да се каже. Но, постои шанса, Кил во Скопје да допатува без Сагосен и Вајнхолд.

Коронавирус