недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Џамбо ја доби битката со килограмите и му се враќа на ракометот!

Џамбо ја доби битката со килограмите и му се враќа на ракометот!

Поранешниот голман на Вардар, Страхиња Милиќ, е пред потпис на договор со српскиот тим Партизан, пишува српски „Журнал“, со што ќе стави крај на двегодишната борба со килограмите поради која и си замина од црвено-црниот табор во 2018 година.

Неговото име се споменуваше како наследник на Арпад Штербик, а одигра и неколку фантастични партии во црвено-црниот дрес, но кога на управата на клубот им „пукна филмот“ од неговото неодговорно однесување надвор од теренот, реши да му даде ултиматум. Или ослаби или нема договор, по што Милиќ си замина и оттогаш е во привремена пензија, која, како што изгледа, конечно ќе ја прекине.

Партизан е тимот во кој тој стекна играчка афирмација и каде се надева дека повторно ќе му се врати на спортот што најмногу го сака. Милиќ неодамна откри до каде одела неговата тврдоглавост со јадењето и дека најмногу имал неверојатни 216 килограми. Популарниот Џамбо беше репрезентативец на Србија до 2014 година, кога тогашниот селектор, а сега тренер на вардаровите голмани, Дејан Периќ, го избрка од националниот тим поради пијанство.

Коронавирус