вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 79
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Душебајев со предлог: Ајде да играме Ф8 во Келн…

Душебајев со предлог: Ајде да играме Ф8 во Келн…

Стратегот на Киелце, Талант Душебајев, даде интересен предлог околу начинот за завршување на сезоната во Лигата на шампионите. Наместо осминафиналињата да се играат во јуни, а потоа фајналфор турнирот да се закаже во август (што ќе придонесе голем број ракометари во меѓувреме да ги сменат клупските бои), Душебајев предлага наместо четвртфинални двомечи на финалниот турнир да учествуваат осум, наместо досегашните четири екипи.

„Според мене важно е сезоната да ја завршиме до самиот крај. Не гледам зошто наместо да играме четвртфинале, сите четвртфиналисти не би се пласирале на завршниот турнир, кој би бил фајналејт наместо фајналфор. Ако осминафиналињата се во првиот дел од јуни, тогаш овој завршен турнир може да се заврши кон крајот на месец јуни и сезоната да финишира сосема регуларно, со сите играчи во своите постоечки клубови“, вели Душебајев.

Прославениот ракометар и тренер не се согласува со плановите што се кројат, бидејќи дополнително ќе го згусне распоредот за следната сезона, со што ќе се загрози и здравјето на ракометарите.

„Ако ни кажат дека мора така, така и ќе биде. Но мое мислење е дека овде многу повеќе се размислува за пари, за договори, отколку за здравјето на играчите. Имам свое мислење и не сакам јавно да го кажам во целост, но не се согласувам со она што ни се предлага. Демократијата е добра работа, но само до одредени граници“, коментира Талан Душебајев.

Коронавирус