сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Дополнителни 200 билети во продажба за дуелот со Барселона

Дополнителни 200 билети во продажба за дуелот со Барселона

Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона пуштени се во продажба дополнителни 200 билети.

Истите се за стоење и од утре ќе бидат пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.

Претходно беа продадени дополнителните 500 билети што беа пуштени исто така за стоење и плус расподаден е целиот капацитет за седење во СЦ „Јане Сандански”

Цената на билетите се 150 денари.

Натпреварот со Барселона е закажан за 11 ноември во 17 часот во СЦ „Јане Сандански”