вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 133
home Ракомет

Доменик Клајн пристигна во Македонија, Кире Лазаров ќе биде негов домаќин

Доменик Клајн пристигна во Македонија, Кире Лазаров ќе биде негов домаќин

Денес во Охрид започна петтиот камп на најдобриот македонски ракометар „Кирил Лазаров 7“. Според организаторите ова е најдобро организираниот и најмасовен камп. Како и секоја година стручниот тим на кампот се погрижи за идеални услови, експерти од светот на ракометот и многу гости.

Светскиот првак со германската репрезентација, Доминик Клајн, кој до минатата сезона настапуваше со нашиот Лазаров во Нант вечерва пристигна во хотелот „Аквалина“ во Охрид и беше пречекан од нашата легенда. Најмладите се фотографираа со Клајн, а од утре ќе работат со него.

Покрај Клајн, во тимот на Лазаров се наоѓаат познати имиња како Марковски, Ангеловски, Бошковски, Матлиевски, Коцевска…

Извор: gol.mk

Коронавирус