недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 47
home Ракомет

Доленец на излезна врата од Барселона, се враќа во Франција

Доленец на излезна врата од Барселона, се враќа во Франција

Репрезентативецот на Словенија и член на Барселона, Јуре Доленец според информациите на „Хендбол Планет“ од следната сезона би можел повторно да настапува во шампионатот на Франција.

Доленец има понуди од неколку клубови, а најблиску е до соработка со францускиот клуб, Лимож. Во екипата на Лимож моментално настапуваат двајца ракометари од Словенија, Драган Гајиќ и Игор Жабиќ. Со пристигнувањето на Доленец, ќе се зголеми словенечката колонија во амбициозната екипа на Лимож.

Словенецот од 2017 година е член на каталонскиот клуб, но се очекува оваа сезона да биде последна за него во дресот на Барселона бидејќи во новата сезона на неговата позиција, десен бек, ќе настапуваат двајцата репрезентативци на Франција, Мелвин Ричардсон и Дика Мем.

Јуре Доленец во својата кариера го носеше дресот на Монпелје пред да пристигне во Барселона. Беше ракометар и на словенечките клубови, Целје и Шкофја Лока.

ЕУРО 2020

Македонија