четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Дисингер пред портите на Вардар?

Дисингер пред портите на Вардар?
Kiel, 2. November 2015. Die Deutsche Handball-Nationalmannschaft der Männer posiert für Portraits vor weißem Hintergrund im Studio.

Досегашниот лев бек на Кил, Кристијан Дисингер, според информациите на германските медиуми, би можел да стане нов играч на шампионот Вардар, откако го раскина договорот што го имаше со „зебрите“ до 2020 година.

Таму е резерва на Никола Билик и не добива минутажа од Алфред Гисласон, па реши среќата да си ја побара на друго место.

-Покрај сите предизвици, поминав убави денови во Кил и не е лесно да се каже збогум. Сепак, неопходно е да го продолжам на мојот напредок и да мислам на иднината, изјави Дисингер по раскинувањето на договорот.

Тој беше на преговори со македонскиот шампион уште во 2013 кога Сергеј Самсоненко започна да инвестира, но не се договори за трансфер. Можеби „од втора“ ќе успее и ќе формира одличино дуо со Вуко Борозан.