петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Ракомет

Дисингер на сметка на Чупиќ: Четири и пол мажи во „ѕидот“ (ФОТО)

Дисингер на сметка на Чупиќ: Четири и пол мажи во „ѕидот“ (ФОТО)

Македонскиот, регионалниот и европски шампион Вардар го очекува утрешниот полуфинален дуел против Загреб на Ф4 турнирот од СЕХА лигата. Вардар е бранител на трофејот во натпреварувањето, но со оглед на големите кадровски промени и на резултатите во подготвителниот период, а особено во четвртфинлето против Нексе со неизвеснот влегува на завршниот турнир кој ќе се одржува во Задар.

Единственото што е сигурно кај „црвено-црниот“ табор е добрата атмосфера. Кохезијата во тимот, меѓу играчите беше една од главните каратеристики на Вардар на патот до двете европски титули. Објавата на Кристијан Дигингер на Инстаграм на која се шегува на сметка на висината на Иван Чупиќ покажува дека во Вардар никако не е загубен духот.

„Четири и пол мажи“ – напиша Дисингер на објавата на која има фотографија на која покрај него се и Глеб Калараш, Ловро Јотиќ и Јосип Векиќ. Се разбира и Иван Чупиќ.

Коронавирус