понеделник, 16. јули 2018. Вести денес: 1
home Ракомет

Дибирова: Сега можеме да се фокусираме на Будимпешта

Дибирова: Сега можеме да се фокусираме на Будимпешта

Тренерот на Вардар, Ирина Дибирова, изрази задоволство од пласманот на завршниот „Фајнал фор“ турнир во Лигата на шампионите и вниманието го насочи кон Будимпешта.

– Денешниот натпревар беше со големи емоции. Ракометарките сакаа да ги израдуваат фановите. Во првото полувреме единствената ракометарка која ни направи проблеми беше Вероника Кристијансен. Знаевме дека мораме да се пласираме на фајнл-фор. Го чекавме овој натпревар и ова четвртфинале. Горда сум на моите ракометарки и сега можеме да се фокусираме на натпреварите во Будимпешта, изјави Ирина Дибирова, тренерот на Вардар.

Ракометарките на Вардар по петти пат се пласираа на завршниот турнир во Лигата на шампионите откако со 32:25 го победија Митјиланд во реванш четвртфиналниот натпревар.