понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Дибиров: Знаевме дека ќе биде тешко, сега да испиеме по едно пиво

Дибиров: Знаевме дека ќе биде тешко, сега да испиеме по едно пиво

Вардар успеа да се пласира во Келн, причина за радост кај фановите на овој клуб. Еден од оние кои беа најсреќни беше Русинот Тумир Дибиров.

-Сега сакам да испиеме сите по едно пиво и да прославиме. Потоа ќе размислуваме. Сепак, мора да се одигра добро против секого ако се сака титулата, изјави Дибиров.

Дибиров кажа дека се задоволни што втора година одат на Ф-4 турнирот, а потенцираше и дека знаеле дека мечот со Кил ќе биде тежок, дека станува збор за тим со голема историја.

-Бевме свесни дека до последната минута ќе биде тешко. Имавме среќа, а таа ги следи храбрите. Цела сезона работевме максимално и како што треба. Сега ја добивме наградата со уште еден завршен турнир. Сакам да им честитам на колегите од Кил. Ние немавме пораз 15 месеци дома, но се случи тоа. Сепак, овој пораз нема да не боли бидејќи на крајот ние бевме тие што се радувавме и сите го заслуживме тоа, па ќе видиме како ќе биде за еден месец, изјави Дибиров.