четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 25
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Дибиров: Во Скопје не се плашиме од никого

Дибиров: Во Скопје не се плашиме од никого

Македонскиот ракометен шампион Вардар утре ја пречекува романска Стеауа во четвртиот свој дуел оваа сезона во СЕХА лигата.

Левото крило на „црвено-црните“ Тимур Дибиров изјави дека Вардар на домашен терен секогаш оди на победа, без разлика на ривалот.

-Преферираат стил кој не е карактеристичен за првенството на Романија. Од она што анализиравме видовме акции кои не се својствени за нивното домашно првенство. Очекувам да биде тежок натпревар, но ние во Скопје не се плашиме од никого и против секого одиме на победа, изјави Дибиров.

За тренерот Роберто Гарсија Парондо најважно е да се продолжи со истото темпо како и досега.

-Стеауа е добар тим и во своите редови има ракометари кои играат добар ракомет. Имаме три победи во ова натпреварување, а после победата над Монпелје сме концентрирани само на оваа средба. Важно е да не го загубиме нивото на интензитет и да дојдеме до нова победа.

Вардар е во серија од 29 натпревари по ред во СЕХА Газпром лигата без пораз.