вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Дибиров: Во Скопје ми треба обезбедување, размислувам да го ангажирам Џамбо Милиќ!

Дибиров: Во Скопје ми треба обезбедување, размислувам да го ангажирам Џамбо Милиќ!

Во време кога низ светот владее коронавирусот, сите спортисти наместо на терените, се повеќе активни на социјалните мрежи и можат повеќе време да поминат со фановите.

Дибиров одговараше на прашања на навивачите, а најпоставувано прашање е дали ќе остане во европскиот шампион и што ќе се случи со него во иднина.

„Нема да кажам ништо. Не знам дали некој ќе го спаси Вардар“, одговори руското крило, чиј договор со македонскиот тим истекува на 30 јуни.

Беше прашан и за омилениот противник во Лигата на шампионите, а одговорот беше очекуван – ПИК Сегед.

Рускиот репрезентативец, кој покрај капитенот Стоилов има најдолг стаж во Вардар мораше да одбере меѓу Раул и Парондо, меѓу Милиќ и Марсениќ.

Ги одбра Парондо, со кој соработуваше минатата година и Страхиња Милиќ Џамбо, со кој играше на почетоците во Вардар две сезони. Дибиров се пошегува за Џамбо, кој не е активен на ракометните терени.

„Во Скопје ми треба обезбедување, размислувам да го ангажирам Џамбо“, низ шега кажа Дибиров.

 

извор: 24rakomet.mk

Коронавирус