Вардаровиот ракометар Тимур Дибиров дојде до бројката од 800 гола во ракометната Лига на шампиони и напредуваше на вечната листа на стрелци.
Русинот зад своето име има 806 гола и на листата се наоѓа на седмото место. Зад него е Ласло Наѓ (800 гола), додека пред Дибиров се наоѓа Уве Генсхајмер, кој има дадено 816 погодока во ракометната елита.
Апсолутен рекордер на листата е македонскиот капитен Кирил Лазаров, кој во дресовите на Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант, во Лигата на шампионите постигнал неверојатни 1279 гола.
Второто место е за Никола Карабатиќ (1.024 гола), додека третопласиран е Момир Илиќ со 1.018 погодока.
Извор: gol.mk