среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 80
home Ракомет

Дибиров: Ако сега никој не му помогне на Вардар, треба да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите

Дибиров: Ако сега никој не му помогне на Вардар, треба да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров по вечерашното освојување на титулата во Лигата на шампионите изјави дека сега е време некој да излезе во пресрет и да му помогне на клубот.

Вардарци имаа исклучително тешка сезона, откако ракометарите немаат земено плата со месеци, но и покрај тоа „црвено-црните“ се искачија на европскиот ракометен трон.

Според него оваа титула е поголема од првата, која ја освоија во 2017 година, по се што поминал тимот.

– Одигравме одличен натпревар и заслужено дојдовме на врвот. Ако после оваа титула никој не ни помогне да ја средиме ситуацијата, тогаш сите да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите. Оваа титула е поголема од првата, зашто знаеме низ што сѐ минавме, вели Дибиров.