четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 74
home Ракомет

Детална статистика: Како одиграа македонските ракометари на ЕП

Детална статистика: Како одиграа македонските ракометари на ЕП

Никогаш пократко „Фалангата“ не останала на еден јануарски шампионат, а нашиот пласман – 15-то место е најслаб во историјата на големите приредби.

Дејан Манасков помина најдолго време на теренот – 151 минутa од вкупно 180 можни. Преку 100 минути на терен минаа и Филип Талески со 143 минути, Стоилов со 136, а по 135 минути играа Филип Кузмановски и Гоце Георгиевски.

Прв на листата со најмногу голови и шутеви е капитенот Кирил Лазаров. Тој постигна 22 погодоци од 35 обиди. Само уште Стојанче Стоилов постигна двоцифрен број на голови – десет.

Митревски одбрани 18 шута од 70 обиди, a Борко Ристовски собра осум одбрани од 38 шута.

Коронавирус