недела, 19. септември 2021. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Ракомет

Десет невакцинирани македонски ракометари одат во изолација

Десет невакцинирани македонски ракометари одат во изолација

Македонскиот ракометен прволигаш Тинекс Пролет во некомплетен состав ќе ги продолжи подготовките за новата сезона, откако десет невакцинирани играчи останаа во петдневен карантин при враќањето во Скопје од двомечот со шпански Гранолерс во квалификациите за Лига Европа.

Ракометарите, како што соопшти клубот, не се позитивни на коронавирус, но поради проблеми со тестирањето во Шпанија морале да останат во карантин согласно македонските протоколи.

-Клубот имаше уредно закажано ПЦР тестови во Шпанија неколку часа пред вториот натпревар што беше одигран против екипата на Гранолерс во саботата во 17:30 часот, за резултатите да бидат добиени до крајот на денот, се со цел со комплетна здравствена документација согласно домашните протоколи да допатуваме назад во Скопје. Тестовите на наше општо изненадување беа откажани во последен миг, не оставајќи воопшто време за „План Б“, бидејќи летот од Барселона за Скопје налагаше на аеродромот да пристигнеме пред 7 часот во недела наутро. Во една таква ситуација, сите ракометари на Тинекс Пролет кои не беа вакцинирани, поради немање на ПЦР тест при враќањето во Скопје согласно протоколите на Владата добија решенија за самоизолација. Станува збор за десет играчи кои во наредните денови ќе бидат надвор од тренажен процес, соопшти Тинекс Пролет.

Во клупското соопштение се наведува дека во текот на вчерашниот ден, овие десет ракометари биле соодветно тестирани и сите добиле негативни резултати на ПЦР-тестирањето.

-По овие негативни тестови, периодот на самоизолација се намалува на пет дена, со што ќе се забрза и нашето враќање на терените за што побрзо почнување со натпревари во домашната Супер-лига, информираше клубот. (МИА)

Коронавирус