вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Денеска ќе бидат познати групите за ЕП 2020

Денеска ќе бидат познати групите за ЕП 2020

Извлекувањето на групите за претстојното Европско првенство во ракомет сениорска машка конкуренција, што во јануари 2020 година, ќе се игра во Шведска, Австрија и Норвешка, ќе се изврши денеска со почеток од 18:45 часот во Виена.

Македонија по освоеното прво место во квалификациската група, го обезбеди своето учество на Европското првенство, а во пресрет на извлекувањето нашата селекција е сместена во вториот шешир.

Според системот на натпреварување, извлечени ќе бидат шест групи со по четири репрезентации, од кои најдобропласираните две селекции, продолжуваат во втората фаза.