понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 54
home Ракомет

Давид Дејвис Камара доби отказ од Веспрем

Давид Дејвис Камара доби отказ од Веспрем

Екипата на Веспрем изненадувачки остана без титула во Унгарија откако во финалето загуби од ПИК Сегед, па управата реши да го смени шпанскиот стратег Давид Дејвис Камара.

Веспрем му врачи отказ на тренерот кој во редовите на унгарскиот тим дојде со големи амбиции од Вардар, а прва цел му беше да ја освои Лигата на шампионите, но не успеа во тоа.

Раскинот на договорот е потврден на клупската интернет-страница и стои дека стапува на сила веднаш. 44-годишниот Шпанец беше дел од Веспрем од 2018 година.

ЕУРО 2020

Македонија