четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Данска одигра за Македонија

Данска одигра за Македонија

Данска ја победи Шпанија со 25:22, со што Македонија ќе стартува како лидер во групата во главната фаза.

Откако Чешка ја шокираше Унгарија и ја испрати дома, а воедно ја „испразни“ салата, која сега ќе биде само за Фалангата, во победа на Данска во вечерашниот меч над Шпанија значи дека сите три селекции од таа група ќе стартуваат со по два бода.

Ова значи дека Македонија со три поени е лидер, а бидејќи имаме време да одмораме до недела (тогаш е првиот меч), слободно може со сите сили да удриме на првиот противник, за кој наскоро ќе знаеме кој ќе биде.

1.Македонија 3
2.Германија 2
3.Шпанија 2
4.Данска 2
5. Чешка 2
6. Словенија 1