четврток, 4. март 2021. Вести денес: 170
home Ракомет

Данска го наполни голот на Конго

Данска го наполни голот на Конго

Бранителот на титулата, репрезентацијата на Данска во второто коло на Светското првенство во Египет имаше лесна задача и одработи рутински против Конго кого го совлада со убедливи 39:19.

Конго го отвори натпреварот, а во продолжение на теренот доминираше само една екипа. Фаворитот без проблеми во целост ја оправда улогата и обезбеди нови бодови и сочува сила за следните предизвици.

Уште по првото полувреме беше решен победникот кога Данска имаше високо водство од 23:10. Во продолжението Данците играа во лесен ритам и сигурно го водеа мечот кон победа. Второто полувреме беше формалност.

Најефикасен во екипата на Данска беше Јохан Хансен со осум гола, додека во тимот на Конго, Готие Мвумби со четири гола беше прв стрелец. Во последното коло Данска против Аргентина ќе се бори да го задржи максималниот учинок и првото место во групата Д, додека Конго и Бахреин ќе играат за пласман во следната фаза.

Коронавирус