петок, 30. септември 2022. Вести денес: 152
home Ракомет

Данците немаат за што да играат на мечот против Македонија

Данците немаат за што да играат на мечот против Македонија
Team Denmark during the EHF EURO Croatia 2018 - Main round - Group 2 - Germany vs Denmark in Varazdin Arena, Varazdin, Croatia, 21.1.2018, Mandatory Credit © HRS / Nebojsa Tejic

Останува уште последниот натпревар за Македонија на Европското првенство во Хрватска, освен ако самите ракометари не направат нова пресвртница во ова чудно сценарио. Откако вчерашниот пораз од Чешка (24-25) нѐ турна од шините до полуфиналето, денеска треба да играме против Данска (18.15 ч.), за образот и за честа, но и за тенката верба дека петтото место на првенствово уште ни е достижно.

„Загубивме затоа што немавме карактер“, прокоментираа неколку од ракометарите синоќа по Чешка. Сега тоа најмногу им треба да се кренат од разочарувањето и да ја изненадат Данска. Мисијата стана уште понедостижна кога утрово излезе информацијата дека Кире Лазаров дефинитивно е „во аут“, поради скинато мускулно влакно на десната нога. Раул Гонзалес го искористи правото на замена и го стави Гоце Ојлески во составот.

Ние не сме можеле против Данска и со капитенот во состав, а сега треба без него да правиме чудо. Ако нешто охрабрува тоа е сигурниот статус на Данците. Тие се веќе полуфиналисти, во огромна веројатност и првопласирани во нашата група, така што немаат причина да форсираат и да ризикуваат потенцијална повреда пред важните предизвици.

Македонија почна како прва во групава во Вараждин, но остана на трите бода кои ги пренесе од Загреб. Математиките велат дека не можеме да бидеме пониско пласирани од 11. место на ЕП и повисоко од петто.

За да го достигнеме ова второто, потребна ни е победа над Данска, но притоа триумф на Словенија против Чесите и што било освен реми меѓу Германија и Шпанија. Во тој случај Македонија ќе има пет бода во групата 2, зад Данска и победникот од Шпанија – Германија. Зад нас би останале Чесите и поразениот од Германија – Шпанија, но Словенците, само поради победата во меѓусебниот дуел.

Во случај на пораз, пак, ќе навиваме Чешка да ја победи Словенија ако ни значи да бидеме деветти, наместо 11. на ова ЕП.

sport1.mk

Коронавирус