вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Ракомет

Данците лути: Не гледаме смисла во одржување на ЛОИ под вакви услови

Данците лути: Не гледаме смисла во одржување на ЛОИ под вакви услови

Данските ракометари, како и повеќето спортисти кои учествуваат на Олимписките игри, не го кријат незадоволството од одржувањето на најголемиот спортски настан годинава. Причината за тоа е и пандемијата и лошата организација на самите Игри, барем така тврдат тие.

Селекторот на данската ракометна репрезентација, Николај Јакобсен, изјави дека не гледа смисла во одржување на Игрите под вакви услови.

„Морам да кажам дека не гледаме смисла во одржување на Игрите под вакви услови. Не разбирам. Имам впечаток дека сето ова е направено само за луѓе надвор од спортот, на штета на спортистите за кои Олимписките игри треба да постојат.

Ми рекоа и верував дека условите ќе бидат многу подобри од оние со кои се соочуваме во Окинава. Да знаевме дека ќе биде вака, ќе одевме веднаш во тренинг-кампот во Токио, каде барем знаеме дека движењето е строго ограничено и дека сè се следи од ГПС“, вели Јакобсен.

До преселбата во Олимпиското село, Данците се сместени во луксузен хотел на брегот на Окинава. Но, ним не им е дозволено да ја користат плажата или базените во хотелот, односно практично не смеат да ги напуштаат хотелските соби. Данска е бранител на трофејот од последните игри во Рио и на овој турнир е сместена меѓу главните фаворити за златниот медал.

Коронавирус