петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 86
home Ракомет

Црногорските ракометари потценуваат: Ние сме подобри од Македонија!

-Одбраната ќе биде нашиот најголем адут на Европското првенство. Се надевам дека ќе дојдеме до барем една победа и дека ќе успееме да се пласираме понатаму на Европското првенство. Не чекаат три тешки натпревари, а Македонија е нашата шанса. Тоа е одлична селекција со одличен тренер, но мислам дека ние сме подобри од репрезентацијата на Македонија, изјави Радојевиќ за медиумите во Црна Гора.

Репрезентацијата на Црна Гора ќе биде противник на нашиот национален тим во второто коло од Европското првенство. За нив, но и за нас, тоа најверојатно ќе биде клучниот дуел на овој шампионат за пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Тоа го потенцира и црногорскиот репрезентативец, Игор Радојевиќ, кој смета дека тој и неговите репрезентативни соиграчи се поквалитетни од македонските репрезентативи, иако искуството е на наша страна, а тие ќе бидат ослабени со неиграњето на најдобриот нивни ракометар.

Коронавирус