понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 183
home Ракомет

Црногорски тренер ќе биде одговорен за голманите во Вардар

Црногорски тренер ќе биде одговорен за голманите во Вардар

Екипата на Вардар во наредната сезона ќе биде предводен од легендарниот Веселин Вујовиќ за кого ова ќе биде трет мандат на клупата на „црвено-црните“,

Секако популарниот Вујо ќе направати и даде се од себе за да Вардар биде успешен, па така освен што се формира состав по негов терк се носат и имиња кои можат да му помогнат во подоброто функционирање како стручен штаб.

Имено нов член на македонскиот шампион е Александар Рогановиќ кој ќе биде одговорен за работата со голманите во клубот. Рогановиќ е многу искусен тренер кој многу добро го познава Вујовиќ со оглед на тоа што во минатото соработуваа во неколку наврати.

Александар во моментов е ангажиран како тренер на голманите на кадетите на репрезентацијата на Црна Гора.

Коронавирус