вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 123
home Ракомет

Црна Гора добива големо засилување за натпреварот со Македонија

Црна Гора добива големо засилување за натпреварот со Македонија
Team Montenegro during the EHF EURO Croatia 2018 - Preliminary round - Group C - Germany vs Montenegro in Arena Zagreb, Zagreb, Croatia, 13.1.2018, Mandatory Credit © HRS / Nebojsa Tejic

Црногорската репрезентација може да биде значително засилена за утрешниот натпревар против Македонија.

По големиот број повреди и откажувања во подготвителниот период, се враќа еден од отпишаните ракометари кој со својот настап може многу да придонесе за позитивен резултат на репрезентацијата на Црна Гора.

Станува збор за голманот Небојша Симиќ кој со своите одлични настапи во ЛШ за екипата на Кристијанштад е добро познат на ракометната јавност во Македонија.

По повредата актуелниот ракометар на Мелсунген замина на лечење во Белград, каде експресно беше оспособен за настап против Македонија.

Сепак, последната одлука за тоа дали Симиќ ке застане на голот на Црна Гора на утрешниот натпревар против Македонија ќе ја има селекторот Драган Ѓукиќ.

Коронавирус