понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Циндриќ: Поради Лино и Металург не смеев да играм шест месеци!

Циндриќ: Поради Лино и Металург не смеев да играм шест месеци!

Хрватска одигра ужасно на Светското првенство (СП) во Египет и го заврши нивниот настап уште во главната фаза, иако сите се надеваа дека ќе се борат дури и за медал, по што почна „војната“ меѓу селекторот Лино Червар и хрватскиот ракометар Лука Циндриќ.

Циндриќ беше повреден и по првата фаза на СП ја напушти хрватската селекција, по што Червар се пожали дека неговиот ракометар никогаш не бил тука за него кога му требал, иако тој го открил и го донел во Металург.

На ова реагираше и Циндриќ, кој реши да даде свој коментар за оваа тема.

„Не би сакал да ја коментирам изјавата на Червар, не сакам преку медиумите да се препукуваме, човекот има свое мислење, а јас би го задржал своето за себе. Ми овозможи да потпишам за Мееталург, но ги чекав своите пет минути. Лино не спомена дека поради него и Металург не смеев половина година да играм и бев на Суд. Не знаев ниту дали ќе ја продолжам кариерата. Најтежок период во кариерата ми беше кога бев на Суд со Металург, зашто не сакаа да ме пуштат да заминам. Тогаш владееше лоша атмосфера. Клубот се распаѓаше, платите не ги добивавме по четири, пет месеци… Сите сакаа да добијат дозвола да заминат, а јас единствен не добив и искрено не знам од која причина, но тоа беше добра лекција за мене“, вели Циндриќ.

ЕУРО 2020

Македонија