вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 146
home Ракомет

Циндриќ го искоментира промашувањето на Стоилов

Циндриќ го искоментира промашувањето на Стоилов

Еден од најдо9брите светски ркаометари воопшто не штедеше комплименти за играта која ја прикажуваат нашите ракометари, но посебно интересен коментар даде за утката на неговиот соиграч Столе Стоилов во натпреварот со Германија, момент кој многу лесно можеше да ни ја донесе победата и пренесување на четири бода во групата во Вараждин.

Циндриќ порача дека го гледал натпреварот и дека навивал за Македонија, а меѓу другото, посочи дека утката на Столе го потсетила на онаа на Хорват од минатата година кога неговиот сонародник го утна кобниот пенал во полуфиналето со Норвешка.

– Што може да се каже, сигурно не му е лесно на Столе. Јас ја вкусив горчината на такво нешто минатата година во Франција кога Хорват го промаши пеналот. Ме потсети на тоа, секако оваа е поблага варијанта, но најважно е тоа што Македонија заврши прва. Македонија треба да биде горда и задоволна како одигра против Германија, а како Столе, така и сите останати треба да го заборават тој шут, – порача Циндриќ кој не штедеше комплименти и за Раул Гонзалес.

– Ги глеав на телевизија, ги следев сите нивни натпревари. Уште од почетокот на турнирот велев дека Македонија може да биде големо изненадување. Раул покажа дека е фантастичен тренер и навистина им честитам од срце на него, но и на сите останати момци, додад лидерот на Хрватите.

Коронавирус