понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Чупиќ има последна желба, Хрватот си ја отвори душата

Чупиќ има последна желба, Хрватот си ја отвори душата

Иван Чупиќ е жива легенда на Вардар и играч кој има долга кариера во „црвено-црниот“ дрес. Наскоро се очекува хрватскиот репрезентативец да се врати во својата земја и да заигра за ППД Загреб.

34-годишникот пред да го напушти Скопје има само една желба, а тоа е достојно збогување од навивачите.

„Би сакал навивачите да се вратат на трибини и кога ќе дојде крајот, да можам да им се заблагодарам за незаборавните пет сезони од мојата кариера. Ми недостасува здивот на трибините што нè носеше, како во клубот, така и во репрезентацијата. Навивачите на Вардар се мојата омилена публика и би бил многу тажен доколку немам уште една шанса да им се заблагодарам за сè“ , вели крилото.

Чупиќ пристигна во вардаровото семејство во 2016 година, од редовите на Киелце. Со македонскиот гигант освои сè што можеше да се освои, меѓу другото и двапати се искачи на врвот во Лигата на шампионите.

ЕУРО 2020

Македонија