петок, 6. декември 2019. Вести денес: 164
home Ракомет

Четворица ракометари на Вардар во Ол стар тимот на СЕХА лигата

Четворица ракометари на Вардар во Ол стар тимот на СЕХА лигата

Екипата на Вардар заврши на првото место во регуларниот дел на регионалната СЕХА лига, а доминацијата на „црвено-црните” се гледа и по изборот на најдобрите седум играчи.

Четворица вардарци се најдоа на тој список: Милосављев, Дибиров, Криштопанс и Карачиќ.

За најдобар тренер беше избран Маноло Каденас на Мешков Брест, додека наградата за МВП на регуларниот дел му беше доделена на Златко Хорват од ППД Загреб.

Изборот го направија капитените на сите 10 екипи што беа дел од СЕХА лигата сезонава.

Ол стар тим за сезона 2018/2019:

голман – Дејан Милосављев (Вардар)
лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек – Петар Ѓорѓиќ (Мешков)
среден бек – Игор Карачиќ (Вардар)
десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)
пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)

тренер – Маноло Каденас (Мешков)

МВП – Златко Хорват (ППД загреб)

дефанзивец – Павел Хорак (Мешков).