среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 29
АКТУЕЛНО

Активни над 20.800 случаи на коронавирус

home Ракомет

Четворица ракометари ги продолжија договорите со Вардар

Четворица ракометари ги продолжија договорите со Вардар

Капитенот Стојанче Стоилов заедно со Даниил Шишкарев, Даниел Ѓорѓески и Мартин Поповски остануваат во ракометниот клуб Вардар и во следните сезони.

Четворицата играчи беа дел од успешниот тим во последните две сезони, кој ја освои европската титула и трофеите во СЕХА лигата и домашното првенство и купот.

Стојанче и Шишкарев се договорија со клубот за продолжување на соработката до јуни 2020 година, а голманот Даниел Ѓорѓески и крилото Мартин Поповски во Вардар ќе останат најмалку уште една сезона.

Македонскиот првак во групната фаза од Лигата на шампионите ќе игра во групата А, а новата сезона ќе почне со гостување во Франција кај актуелниот европски првак Монпелје во средината на септември.

Коронавирус