четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 138
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Ракомет

Чешка заврши голема работа за Македонија

Чешка заврши голема работа за Македонија

Вараждин дефинитивно ќе биде македински град, а фалангата ќе нема конкуренција на трибините во овој град во Хрватска, откако Чешка вечерва ја шокираше Унгарија и ги врати дома унгарските ракометари и илјадниците навивачи по триумфот со 33-27.

Со победата Чешка го завери пласманот во следната фаза во која ќе има два бода по сензационалната победа над Данска во минатото коло, па вечерва ќе биде познато Шпанија и Данска со колку бодови ќе влезат во оваа група по дербито во групата Д на Европското првенство. Засега Шпанците имаат сигурни два, а Данците по расплетот во групата се без бод. Македонија со три бода оди во втората група, а Германија ќе има два. Последниот патник ќе се решава помеѓу Словенија и Црна Гора.

Иако Унгарија тргна добро и поведе со два гола разлика, Шесите брзо се вратија и до средина на полувремето мечот беше во егал, а потоа со серија од 7-3 исчекорија до голема залиха од четири гола на полувреме (15-11). На самиот старт од мечот ги имаа и највисоките плус шест (17-11), а Унгарија успеа да се врати во мечот на два негатива (19-17), но тоа беше се што направи на мечот. Брзо потоа Чесите стигнаа до разликата од полувремето и ја одржуваа за на крај да извојуваат голема победа.

Ондреј Здрохала имаше неверојатен ден со 14 погодоци од 21 удар и тој практично сам ги победи Унгарците. Мате Лекај со седум и Жолт Балог со пет гола беа најефикасни кај Унгарците.

Коронавирус