вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Чешка убедливо ја совлада Македонија среде Скопје

Чешка убедливо ја совлада Македонија среде Скопје

Женската ракометна репрезентација на Македонија го загуби и вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство, вечерва Чешка триумфираше во Скопје со убедливи 29-37.

Шансите за настап на континентален собир драстично ни се намалија, женската ракометна репрезентација на Македонија го забележа и вториот пораз во квалификациите, денеска загуби на домашен терен од главниот конкурент за второто место во групата.

Чешка си замина од Скопје со убедлив триумф од 29-37 и покрај тоа што почетокот на мечот не навестуваше такво нешто.

Избраничките на Симовски беа сосема солидни во првото полувреме, и со серија од 4-0 во финишот се изборија за 14-14 на одморот.

Рамноправна игра имаше и во првите десет минути од вториот дел, но потоа Чешка се одлепи на +4 (20-24). Ова водство на противникот како да го скрши духот на ракометарките, одбраната се распадна, нападот не функционираше па предноста на гостите постојано растеше за конечни 29-37.

Следниот натпревар Македонија го игра на гости кај Португалија, на 25 или 26. март следната година.