сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 37
home Ракомет

Червар: Роналдо е победник, Меси е губитник!

Червар: Роналдо е победник, Меси е губитник!

Лино Червар се надева дека со олимписки медал ќе се прости од клупата на репрезентацијата на Хрватска. „Коцкестите“, овој месец ќе настапат на Светското првенство во Египет, а потоа ги очекуваат квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио.

Поранешниот тренер на Металург и селектор на Македонија, во интервју за „24sata.hr“, со една своја изјава покрена лавина од коментари. За Червар, еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лиоенле Меси е губитник.

„Барате да изберам најдобар ракометар, па вие барате да изборам помеѓу оние кои Хрватска ја искачија на тронот, а тука има толку големи играчи. Балиќ, Џомба, Метличиќ, Дувњак. Невозможено е да одберам…Ако ги гледаме и странските ракометари, тогаш сигурно меѓу најдобрите е Никола Карабатиќ. Не можам да кажам дека е најдобриот, но сигурно е меѓу најдобрите. Карабариќ е вистински ас, а на пример Лео Меси не е. Меси е само ас во медумите“, рекол Червар и дополнил.

„Марадона беше победник и Кристијано Роналдо е победник, во ракометот победници се Карабатиќ и Балиќ, сметам дека Меси не е победник. Па со Барселона прими осум гола од Баерн. Каде беше тој? Па мораше да преземе одговорност. Роналдо е победник, Меси е губитник. Доколку беше толку голем играч тогаш ќе станеше светски првак со Аргентина. За мене Роналдо е поголем, тој секогаш кога е потребно дава гол, тој е лидер, за разлика од Меси тој вистински фудбалски ас.“

Коронавирус