четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Червар: Ова е кражба, цел свет можеше да го види тоа

Червар: Ова е кражба, цел свет можеше да го види тоа

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар вината за поразот од Германија по кој неговиот тим ги загуби шансите за полуфинале на Мундијалот, ја префрли на данските судии Гјединг и Хансен.

– Ова е кражба која ја виде целиот ракометен свет. Не е прв пат да ни се случува ваква нешто. Судиите ни ги украдија и СП 2008, 2009 и 2010. Тоа треба јавно да се каже. Не смее да се дозволи судии аматери да одлучуваат за нашите судбини. Ние ги надигравме на нивни терен и пред нивна публика. Бевме подобри. Ни одземаа чиста победа, изјави Червар.

Тој го повика и Меѓународниот олимписки комитет да се произнесе за забелешките кои ги имаа Хрватите за судењето во поразот (22:21) од ко-домаќинот на ракометниот Мундијал.