петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 23
home Ракомет

Червар ја шокираше хрватската јавност по елиминацијата на ЕП: Ни треба селектор што…

Червар ја шокираше хрватската јавност по елиминацијата на ЕП: Ни треба селектор што…

Хрватска не успеа да се носи со француската ракометна репрезентација во натпреварот кој значеше „живот или смрт“ за домаќините на ова Европскот првенство, а најтрагично беше тоа што „каубоите“ и покрај тоа што го дадоа најдоброто од себе, не успеаја ниту еднаш доволно сериозно да му се доближат на противникот.

Еден од луѓето кои понесува голем товар и навистина добива доста критики за испаѓањето во главната фаза на континенталниот собир е селекторот Лино Червар, но сепак ниту најголемите критичари во Хрватска не ја очекуваа изјавата која ја даде искусниот стручњак по крајот на мечот.

Червар говореше за себе како повеќе да не е селектор на Хрватска, а со самото тоа даде добра најава дека е подготвен да ја преземе одговорноста и да го напушти кормилото.

– Работите стојат вака. Имав договор до завршувањето на Европското првенство, па сега нејасно е дали јас ќе ја водам репрезентацијата, или пак некој друг. Сепак, што и да се случи, мора сите да му дадеме поддршка на ракометот, на репрезентацијата и највеќе на играчите после ова Европско првенство. Не смееме да застанеме на медалите кои ги имаме освоено досега, уверен сум дека хрватскиот ракомет ќе пронајде нови луѓе. Ни треба селектор позади кој ќе стои цела нација, од едноставноа причина што го чека голема работа во сите селекции. Ја водев оваа репрезентација 166 пати, ги сакам овие играчи и ја сакам оваа репрезентација. Хрватската ракометна репрезентација има иднина и без мене. Јас ќе го поддржам идниот селектор, – потенцирал Червар.

Коронавирус