недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 157
home Ракомет

Червар ја искоментира играта на Македонија под водство на Раул

Червар ја искоментира играта на Македонија под водство на Раул

Лино Червар, стратегот на Хрватска, по натпреварот против Белорусија доби и прашање за Македонија, а на истото одговори позитивно.

Нашата репрезентација нема пораз на Европското првенство, како прва се пласира понатаму, а Лино вели дека нашата држава никогаш не играла подобро.

Морам да кажам дека Македонија не играла поубаво. Секаков комплимент за тоа. Врзан сум за таа земја. Кузмановски и Велковски се одлични, Талески исто така. Тоа значи дека добро сме работеле. Можам само комплименти да дадам, изјави Червар, пренесува Гол.мк.

Инфаркт меч во Загреб меѓу Хрватска и Белорусија!

Иако многуммина мислеа дека вечерашниот меч во загрепска Арена ќе биде само формалност за Хрватите, сепак Белорусите им пружија голем отпор на Хрватите.

Хрватските ракометари во инфаркт меч кој штотуку заврши во Загреб на „мускули“ успеаја да ја совладат Белорусија со 25:23.

Хрватските навивачи трепереа до последниот момент на мечот, откако Белорусите успеаја да израмнат на 23:23 на само две минути до крајот.

После ова нападот на Хрватите заглави, судиите ја подигнаа раката, па спас се бараше во Лука Циндриќ. Тогаш на сцена стапи плејмејкерот на Вардар, кој сам ја проби белоруската одбрана и погоди за 24:23.

Во последниот напад Белорусите не успеаја да упатат удар кон хрватскиот гол, па по пасивниот напад топката им беше одземена.

Конечните 25:23 ги постави Марко Копљар со гол во псоледните моменти од мечот.

Борко Ристовски го „пецна“ Лино Червар- еве како го нарече

Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски по ремито со Германија истакна дека разликата ја прави селекторот, а индиректно го „пецна“ и Лино Червар, кого го нарече – шарлатан.

-Оваа генерација е иста, претходно имавме селектор-шарлатан, сега имаме човек кој си ја знае работата. Знаеме кога играме, со кого играме и како треба играме, вели Ристовски.

Борко нагласува дека и покрај овие резултати, не треба да се залетуваме од изјавата на типот одиме на медал, туку цврсто треба да останеме на земја.

-Да уживаме во успехот, не знам кога Македонија била прва во групата и кога минала во втората фаза со овој број на бодови. Го дадовме најдоброто од себе, не треба да се бара кој играл лошо, туку да се биде позитивен по овие три средби, заклучува Ристовски.

Коронавирус