четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 175
home Ракомет

Цепелин за насловни страни: Фернандез изведе магија во дуелот со Паличка (ВИДЕО)

Цепелин за насловни страни: Фернандез изведе магија во дуелот со Паличка (ВИДЕО)

Бранителот на титулата на Европското првенство, репрезентацијата на Шпанија, победи и на вториот меч, откако беше подобра од Шведска. Тоа значи дека селекцијата на Жорди Рибера обезбеди пласман во втората рунда.

Мечот против Швеѓаните го одбележа доцниот погодок на Анхел Фернандез. На десет минути до крајот, кога се одлучуваше конечниот победник, левото крило на Шпанците направи неверојатен потег и заслужено доби стоечки овации.

Овој погодок сигурно ќе конкурира меѓу најубавите на тековниот шампионат во Словачка и Унгарија.

Коронавирус