Нашиот репрезентативец, Мартин Томовски имаше фантастична претстава на голот на Лудвигсхафен во лигашкиот натпревар против Ерланген и беше најзаслужен што неговиот тим се избори за гостинско славје од 24-19.
Тоа негово брилијантно издание со 17 интервенции или поточно 50 процентност на одбраните удари му донесе индекс на корисност 189 и сосема заслужено се најде во тимот на 29. коло во Бундеслигата.
Само за потсетување, Мартин од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на скопски Вардар.