понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 80
home Ракомет

Брестовац: Железничар е можност за прва победа

Брестовац: Железничар е можност за прва победа

Тренерот на Металург, Данило Брестовац, на денешната прес-конференција пред средбата со екипата на Железничар од Ниш истакна дека овој натпревар е можност да ја забележат првата победа во СЕХА лигата.

– Имаме убава можност за добар натпревар. Противникот го респектираме, но ова е шанса да одиграме добро и да ја забележиме нашата прва победа. Да бидам искрен, малку сме заморени по двете гостувања во Лигата на шампионите, но сега нашите мисли се насочени само на средбата со Железничар. Направивме анализа на последниот натпревар и тоа ќе ни овозможи да ги исправиме грешките од претходните дуели. Имаме уште два тренинга на кои ќе треба да се подготвиме. Заморот ни е непријател, но имаме можност да одиграме добро и да забележиме победа, истакна Брестовац.

Според голманот на Металург, Никола Даниловски, во тимот има мотивираност да се постигне добар резултат на овој натпревар.

– До минатото коло и Железничар, како и ние, немаше победа, но потоа го победи Извиѓач. Сега и ние сме мотивирани за добар резултат. Уште немаме победа и мораме на оваа средба да одиме на триумф. Концентрирани сме на овој натпревар. Не го потценуваме противникот туку напротив се повеќе се мотивираме. Имаме мотив плус и поради тоа што имаме лоша серија, а од името на сите ракометари можам да ветам максимум на теренот. Сите веруваме во победа на овој натпревар, наведе Даниловски.

Натпреварот меѓу Металург и Железничар во рамките на шестото коло на СЕХА лигата се игра в среда во спортскиот центар „Борис Трајковски“.