вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Ракомет

Брестовац: Верувам во играчите, одиме на победа против Украина

Брестовац: Верувам во играчите, одиме на победа против Украина

Селекторот Данило Брестовац вели дека Македонија комплетно подготвена и како благ фаворит влегува во Европското првенство и стартниот меч во Украина и дека верува во победнички старт.

„Одиме на победа на првиот меч. Одиме да одиграме квалитетен натпревар, мислам дека сме подготвени, мислам дека можеме, мислам дека имаме подготвени варијанти за се што може тие да ни понудат како селекција. Но, одиме чекор по чекор. Се надевам на успешен старт. Очекувам целата екипа да биде како што треба, очекувам индивидуални квалитети, групна тактика, добра, квалитетно спроведена на терен, борба во одбрана максимална, со поостра игра. Ни недостасува Велко Маркоски, тоа е факт, од тоа нема бегање, но и претходно сме играле без него, а сме ’затвориле’ без проблем… Имаме супер селекција за одличен старт и за први бодови во групата…“, вели селекторот.

Го прашавме Брестовац дали има нешто од што стравуваме од Украина, а тој вели:

„Украинците се големи, физички се многу моќни. Ако тргнеме индивидуално во реализација ќе имаме проблеми, но ако се држиме до групната тактика, каде секој ќе дојде до израз со квалитетен и трпелив напад тогаш ќе биде полесно. Ако се ’тепаме’ со нив, мислам дека според некоја статистика се и највисока репрезентација на првенството, тогаш ќе си направиме проблем.“

извор: sportmedia.mk

фото: sportmedia.mk

Коронавирус