вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 169
home Ракомет

Брестовац соопшти со кој ракометари ќе патува во Турција

Брестовац соопшти со кој ракометари ќе патува во Турција

Сениорската репрезентација на Македонија утре патува за Турција каде што во Ескишехир ќе го одигра мечот од 5. коло од квалификациите за Европското првенство. После денешниот последен тренинг во Скопје, Брестовац ги одреди патниците за овој натпревар и ќе смета главно на веќе проверени ракометари.

Брестовац мораше принудно да се откаже од услугите на Дејан Манасков кој поради повреда не е во можност да настапи на двете средби. Во Скопје останува и неговиот брат Мартин Манасков, а ќе ги нема и Филип Арсеновски, Мартин Томовски, Горан Крстевски и Мартин Серафимов.

Тоа значи дека за Турција утре заминуваат Лазаров, Ристовски, Митревски, Маџовски, Димитриоски, Георгиевски, Костески, Стоилов, Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Талески, Кузмановски, Танкоски, Јагуриновски и Кукоски.

Натпреварот се игра в среда од 18 часот во Ескишехир.