сабота, 6. март 2021. Вести денес: 40
home Ракомет

Брестовац: Се надевам дека ќе бидеме подобри против Египет

Брестовац: Се надевам дека ќе бидеме подобри против Египет

Македонија беше целосно надиграна на отворањето на светскиот шампионат против Шведска, па на селекторот Данило Брестовац не му преостана ништо друго освен на противникот да му го честита заслужениот триумф.

Воедно, македонскиот кормилар истакна дека очеува подобро издание на наредниот натпревар, што на програмата е утре против домаќинот Египет.

„Сакам да му честитам на шведскиот состав, кој беше подобар во текот на целиот меч, подобар во ситуациите „еден на еден“ и целосно ја заслужи победата. Се надевам дека ќе се сретнеме во иднина. Засега немавме никакви проблеми од организациски аспект, мерките што се преземаат се сосема во ред. Очекувам да играме подобро против Египет, ќе се подготвиме добро за тој меч и се надевам на добар резултат“, изјави Брестовац.

извор: ekipa.mk

Коронавирус