среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 6
home Ракомет

Брестовац: Сакам да ги проверам младите играчи, ми требаат храбри и борбени играчи

Брестовац: Сакам да ги проверам младите играчи, ми требаат храбри и борбени играчи

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац пред почетокот на ЕХФ неделата, која трае од 21 до 27 октомври и контролните кои „жолто-црвените“ ги игра во овој период изјави дека мора да се повикуваат млади играчи за да се внесе свежа крв во репрезентацијата.

Брестовац во хотелот „Александар Палас“ денеска ја собра сениорската репрезентација, а натпреварите ќе бидат подготовка за настапот на ЕП 2020 година. Седумнаесет ракометари ќе бидат во конкуренција за средбите со Турција и Италија, утре и задутре, додека за двете средби со Грузија во петок и сабота, ќе се приклучат Манасков, Талески, Кузмановски, Ристовски и Лазаров.

– Сакам да ги проверам младите играчи, ми требаат храбри и борбени играчи, кои ќе донесат цврстина во одбрана. Се надевам дека од нив ќе можеме да добиеме А-репрезентативци кои ќе може да играат на високо ниво. Мора да сфатиме дека мора да внесеме свежа крв во репрезентацијата, ако не го направиме тоа, за две години може да се најдеме во тешка дупка, вели Брестовац.

Брестовац вели дека не е задоволен од минутажата која ракометарите ја имаат во клубовите, па овие натпревари треба да послужат и за подобрување на формата.

– Сите репрезентативци се во тренажен процес, но натпреварувачкиот ритам е катастрофа, речиси никој не игра за своите клубови. Затоа и се договоривме да одиграме колку што е можно повеќе натпревари, додаде Брестовац.

Како што информираат од Ракометната федерација на Македонија, влезот на двата меѓународни пријателски натпревари против Грузија во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде слободен за сите љубители на ракометот.