вторник, 9. март 2021. Вести денес: 27
home Ракомет

Брестовац: Разликата не е реална, не заслуживме толкав пораз

Брестовац: Разликата не е реална, не заслуживме толкав пораз

Македонија со висок пораз од Словенија (21-31) ја отвори втората фаза на Светското првенство (СП) во Египет, резултат кој за селекторот Данило Брестовац не ги отсликува случувањата на теренот.

Предводникот на македонската селекција истакна дека се направиле многу технички грешки по паузата и потенцира дека Македонија на овој натпревар заслужила да загуби со помала разлика.

„Одигравме уште еден натпревар со селекција од ТОП-10 во Европа. Игравме добро во првиот дел, но направивме многу технички грешки по паузата. Мислам дека конечниот резултат не ја отсликува разликата меѓу тимовите, заслуживме да загубиме со помала резултатска разлика. Имаше и добри и лоши моменти на овој меч, за разлика од претходно стартот ни беше одличен. Игравме со многу ротации, затоа што сакав да им дадеме шанса на сите затоа што чекаат уште две тешки средби“, изјави Брестовац по мечот.

Следен натпревар за Македонија на СП 2021 е за два дена, кога нашиот национален тим се соочува со Русија.

Коронавирус