среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Брестовац повика 19 ракометари за собир на кадетската репрезентација

Брестовац повика 19 ракометари за собир на кадетската репрезентација

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија (до 18 години), Данило Брестовац, го објави списокот од 19 ракометари на кои ќе смета за собирот за подготовки за настап на ЕХФ Шампионатот 2018.

Список на повикани ракометари: Виктор Василевски, Андреј Петковски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигероски, Бобан Какоски, Мартин Карапалески, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Ненад Костески, Ален Ќосевски, Кристијан Симоноски, Андреј Митиќ, Симон Гучевски, Михајло Младеновиќ, Васе Наков, Кристијан Анѓелковски, Бојан Солев.

Собирот ќе се одржи во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје на 16 јуни со почеток од 10 часот.

Македонија најпрво ќе гостува во Унгарија каде ќе одигра две средби со домашната репрезентација и еден натпревар со Јужна Кореја, а потоа ќе настапи и на турнир во Романија каде ќе се сретне со Холандија, Италија и Романија.

По овие натпревари „црвено-жолтите“ ќе ги продолжат подготовките за ЕХФ шампионатот што во август ќе се игра во Тбилиси во Грузија.

– Зачестените подготовки и меѓународни турнири за оваа репрезентација, покрај тоа што се дел од подготовките за ЕХФ Шампионатот 2018 година, влегуваат и во неколку-годишниот проект за подготовка на младите ракометари за настап на кадетското Светско првенство што наредното лето ќе се игра во Скопје, информираат од РФМ.

МИА