сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 73
home Ракомет

Брестовац: Не ми се допадна тоа што го видов од играчите

Брестовац: Не ми се допадна тоа што го видов од играчите

Тренерот на Металург, Данило Брестовац по вчерашниот убедлив пораз од Загреб со 24:36 (10:15) во Скопје во меч од СЕХА лигата, изрази разочарување од неубедливата игра на неговите ракометари и нивното недоволно залагање на средбата.

– Загреб заслужено дојде до победа. Не ми се допадна тоа што го видов од играчите. Имавме слаба агресивност и подвижност. Малку трчавме и не се враќавме. Имавме и многу технички грешки. Имаме доста повредени играчи и тешко го одигравме второто полувреме. Во моментов СЕХА-лигата не ни е приоритет и овие бодови немаше ништо да ни значат. Во Франција со добри противници игравме многу подобро и поразновидно. Денеска како да бевме отсутни и неконцентрирани, изјави тренерот на „металурзите“ на пресот по мечот.

Тој додаде дека ќе се обидат да ги корегираат работите до следниот натпревар, кој е на програмата по три седмици против Стеауа во регионалната лига.