сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 21
home Ракомет

Брестовац: Многуте повредени не спречија да постигнеме повеќе

Брестовац: Многуте повредени не спречија да постигнеме повеќе

Тренерот на Металург, Данило Брестовац по поразот од Нексе изјави дека неговиот „десеткуван“ тим не можеше повеќе.

Металург синоќа во Скопје загуби од хрватскиот тим со 27:32 што беше трет пораз за тимот од „Автокоманда“ во исто толку натпревари во регионалното ракометно натпреварување.

– Нексе не надигра во секој поглед. На овој натпревар моравме да се потпреме на само 8-9 играчи, затоа и малку се обидував да експериментирам. Во обид да ја подобриме нашата игра, веројатно направивме и грешки. Јас практикувам побрза и помодерна игра, за разлика од тоа што го одигравме вечерва. За жал, немавме можност да одиграме побргу, бидејќи таква е нашата ситуација денес, кога имаме голем број на повредени ракометари. Ни недостасуваат неколку играчи, кога би биле во комплетен состав сигурно би пружиле повеќе против екипа каква што е Нексе, изјави Брестовац.

МИА