сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 1
home Ракомет

Брестовац бара борбеност: Египет има физички силна репрезентација

Брестовац бара борбеност: Египет има физички силна репрезентација

Македонската ракометна репрезентација денеска од 18 часот игра против домаќинот на Светското првенство.

Египет предводен од Парондо, кој добро ги познава македонските ракометари е фаворит. Македонија загуби од Швеска во воведното коло додека Египет беше подобар од Чиле.

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац бара од неговите ракометари посериозно да влезет во денешниот дуел и да покажат дека може да се носат со предизвикот како тим.

-Египет има силна репрезентација со успешни резултати на големите натпреварувања. Станува збор за физички силна селекција против која може да имаме проблеми како се однесуваме како на натпреварот против Шведска. Против Швеѓание избегнуваваме контакти, физички дуели а во нападот не бевме на потребното ниво. Кога доаѓавме во позиција 1:1 нашите играчи не си помагаа, едноставно немаше тимски дух, кој се гради во младинските конкуренции, изјави Брестовац.

 

Коронавирус