недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Ракомет

Браво момци: Дибиров и Криштопанс во „Ол стар” тимот во изборот на тренерите во ЛШ

Браво момци: Дибиров и Криштопанс во „Ол стар” тимот во изборот на тренерите во ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите веќе стартуваше, a тренерите вообичаено во текот на летото гласаа за најдобрите играчи од кои се очекува да бидат „ѕвезди“ во елитното европско натпреварување.

Во идеалниот тим се најдоа и двајца „вардарци“, и тоа левото крило Тимур Дибиров и десниот бек Даинис Криштопанс, од кои се очекува и во новата сезона да бидат лидери на „црвено-црните“.

Најдобар голман според тренерите на сите учесници во ЛШ ќе биде Никлас Ландин од Кил, а покрај Данецот и двајцата „вардарци“ место во овој олстар-тим има уште и за Микел Хансен (ПСЖ), Лука Циндриќ (Барселона), Лудовик Фабрегас (Барселона) и Блаж Јанц (Кјелце). За тренер на овој идеален тим е избран Талант Душебајев.